Ерика Комисар е клинички социјален работник, психоаналитичар, тренер на родители и психолошки консултант, која спроведува работилници за родителство, работа, живот.
Кога станува збор за социјализација на децата во градинките, таа објаснува:
-Генерално, родителите, особено мајките, немаат секогаш можност да останат дома со своите малечки кога тие ќе наполнат една година, поради финансиски или лични околности. Но, оние што ја имаат привилегијата на избор, можеби не се свесни за истражувањето за раниот детски развој, како и оние што веруваат дека одењето во градинка ќе им користи на нивните малечки.
Целта не е да се критикуваат родителите што ја користат градинката од потреба, туку да се информираат оние што имаат флексибилност во своите одлуки. Ситуацијата на секој родител е единствена и сите ние даваме сѐ од себе за нашите деца на различни начини.
Истражувањата сугерираат дека градинките не нудат значителни бенефиции за социјализација за деца под 3-годишна возраст, бидејќи тие сѐ уште се во раните фази на емоционалниот развој и првенствено се потпираат на сигурната приврзаност кон нивните родители, за да се чувствуваат безбедно и да научат да практикуваат емоционална регулација.
Децата пред 3-годишна возраст најчесто играат сами, а како што се нарекува тоа во психологијата, имаат „паралелна игра“. Не само што не си играат меѓу себе, туку си играат еден до друг и најдобро се чувствуваат доколку посетувате некои работилници, активности за најмалите, ако сте веднаш до нив, ако имаат можност да ве допрат, да ве видат и да играат заедно со вас.
Децата на оваа возраст имаат потреба од блиска, одговорна и доследна грижа, за да развијат доверба, емпатија и здрави емоционални одговори, што е поверојатно да се случи во контакт еден на еден или во мали групи со познати возрасни.
За малите деца, социјализацијата не е само дружење со други деца – тоа е за учење како да управуваат со емоциите, како да ги разбираат другите и да формираат длабоки врски. Истражувањата покажале дека малите деца можат социјално да напредуваат со сигурни врски дома, додека средините со големи групи, како што е дневниот престој, понекогаш може да бидат премногу стимулирачки или стресни, што влијае врз нивниот емоционален развој.
Спротивно на тоа, од 3-годишна возраст нагоре децата почнуваат да имаат поголема корист од интеракциите со врсниците и учењето како да споделуваат, соработуваат и да комуницираат во групни опкружувања – заклучила Комисар.
Автор: Јасна Дреновац
912