Психијатарот и психотерапевт Ирена Ѓорѓевиќ од Србија зборува за тоа зошто децата се преселуваат во креветот на нивните родители навечер, дали тоа треба да ги загрижува родителите и кога е време тие да се осамостојат во овој поглед.
Најпрво, Ѓорѓевиќ истакнува дека најуниверзален одговор на прашањето кога родителите треба да кажат „доста е“ би бил „кога се подготвени за тоа“.
-Онаму каде што има некаква граница, сега е многу индивидуално и токму како такво треба да се набљудува. Генерално, од почетокот, кога детето е многу мало, на родителите им е полесно децата да спијат во својот кревет, особено ако децата често се будат во текот на ноќта – вели таа.
Ѓорѓевиќ објаснува дека родителите често го префрлаат детето во својот кревет за да не станува неколку пати навечер. Нејзиниот совет е ништо да не се присилува и таа е против тоа да се направи нешто против волјата на детето, особено ако тоа е ненадејно.
– Сепак, важно е детето да чувствува сигурност, да може некако да знае дека родителот е секогаш таму, ако е во друга просторија, дека е присутен, дека е тука за детето ако му треба нешто… Понекогаш се случува и децата на училишна возраст и децата кои се во пубертет да имаат страв и потреба да спијат со своите родители. Многу е важно и тоа да се земе предвид, да се биде функционален, да се зборува за стравовите што ги имаат децата, да се работи на тоа, да се надмине – објаснува таа.
Јасмина Михњак, уредничка на родителскиот портал „Светот за нас“, напоменува дека е важно да не се испраќа порака до родителите оти нешто мора да се направи вака или онака бидејќи, според неа, тоа најмногу ги вознемирува родителите.
-Ако некаде прочитале или слушнале дека детето на одредена возраст веќе треба самостојно да спие во сопствената соба, во својот кревет, а сѐ уште не успеале да го остварат тоа, тогаш имаат дилема дали тоа може да му наштети на детето и дали постапуваат правилно. А, всушност, сите нивни прашања секогаш се вртат околу тоа „дали сум доволно добар родител и дали тоа што го правам е најдоброто можно и за мене и за детето?“ – вели Михњак.
-Она што би сакала да го истакнам овде, мислам дека е важно да се допре на таа тема, се оние ситуации кога родителите не се свесни, кога всушност го чуваме детето во нашиот брачен кревет од некаква потреба, а тоа многу често се случува кога партнерите се веќе оддалечени и таа блискост почнува да станува дистанца. И на одредено несвесно ниво, спиењето со деца всушност може уште повеќе да нè оддалечи од нашиот партнер, односно нè штити од повторно изложување на некои наши непријатности, па потоа треба повторно да воспоставиме блискост со партнерот – заклучува таа.
912