Сите нови мајки знаат дека раѓањето бебе ја менува рутината на спиење, но не знаат колку многу се менува. Иако доенчињата го поминуваат поголемиот дел од денот во спиење, тие обично спијат кратко време. Ова значи дека и вие често ќе се будите за да се грижите за нив, што е исцрпувачки.

Постојат и голем предизвици за тоа како да го натерате доенчето да заспие цврсто.

Како консултант за спиење, ова се моите совети за тоа како бебињата и доенчињата да спијат цврсто.

Вие најдобро го познавате вашето бебе

Иако советите на другите се со најдобра намера, вие сте тие што си го познавате бебето и треба да им верувате на сопствените инстинкти.

Правете го она што функционира за вашето семејство и верувајте во фактот дека вие го познавате вашето бебе подобро од кој било.

Не постојат негативни начини за бебето да заспие: доење, користење цуцла итн.

Оставете ги бебињата да заспијат онака како што тие сакаат, без оглед дали тоа е со доење, нишање, туркање во количка или слично.

Но, кога нишањето на бебето повеќе не е нешто што сакате да го правите бидејќи ви е потребен цел час, тогаш променете го. Иако може да се соочите со одреден отпор, дајте му време на бебето за да се приспособи.

Треба да знаете дека е во ред ако бебето се буди често во текот на ноќта

Новороденчињата имаат две состојби на спиење, активен сон и тивок сон. Истражувањата откриваат дека активниот сон има неопходна улога во спречувањето на синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (СИДС).

Вашето бебе нека е што е можно поблиску до вас

Ова важи и во текот на ноќта и во текот на денот. Апсолутно нема потреба да го преместувате бебето во негова соба. Истражување од „Харвард“ покажува дека делењето соба во првите шест месеци игра улога во намалување на ризикот од СИДС.

Исто така, важно е бебето да е во ваша близина во текот на денот. Никогаш не можете да го разгалите бебето со многу гушкање.

Избегнувајте прекумерна стимулација на бебето

Лесно се заборава дека бебињата се мали и за нив сите работи се нови. Одењето на прошетка ги стимулира сетилата на бебето, а истото важи и за нови звуци, мириси и работи што ги гледаат.

Секојдневните активности влијаат врз сонот, па затоа обидете се сите да си легнувате во периодот кога бебето е за легнување.

Приспособете ја средината за спиење на вашето бебе

Ако е премногу топла просторијата, вашето бебе нема да сака да спие. Ако мириса на средства за чистење или друг силен мирис, неговиот сон може да биде прекинат. Ако вашето дете е многу чувствително и пижамите го чешаат, и тоа може да влијае врз сонот.

Затоа, приспособете ги сите овие работи да функционираат во полза на детето за мирен и добар сон.

Заспивање со движење

Користете носач за бебиња и оставете го бебето да спие додека шетате. Многу бебиња сакаат да дремат додека се во количка, па ако има проблеми со заспивањето, пробајте.

Грижете се за себе

Грижете се за себе и побарајте помош ако ви е потребна. Важно е да одите на прошетка, да пиете кафе или да поминете некоја вечер надвор. Замолете ги родителите, партнерот или близок пријател да ви помогнат, дури и ако е тоа само еден час за да можете да се истуширате или да се одморите.

Автор: Лорен Хефернан
Извор



912

X