Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Моето внуче има две години и еден месец и живее во Швајцарија. Не зборува, само понекогаш покажува со прст што сака. Реагира на своето име повремено и ретко воспоставува контакт со очи со одредени лица. Ве молам за помош.

ОДГОВОР: Во вашата порака барате помош за развојот на вашето внуче. Не сте навеле конкретно каква помош ви е потребна, па затоа ќе се осврнам на развојот и стимулирањето на детето на возраста во која е вашето внуче.

Развојот кај децата не е линеарен процес, туку дисконтинуиран процес, кој се карактеризира со еволутивни скокови, очигледни регресии, достигнувања и приспособувања. Преминот од една во друга фаза може да биде постепен, а возраста во која се достигнуваат може да варира, но низата е универзална… што значи децата ги стекнуваат основните концепти по ист редослед.

Кај децата, когнитивниот и моторниот развој се тесно поврзани. Но би било добро да ги споредувате целите што ги постигнува вашето внуче со оние на другите деца, нешто што може да доведе до нервози и да предизвика непотребен притисок врз детето и кај вас. Понатаму, таквите притисоци би можеле да имаат контрапродуктивен ефект, љубопитноста и радоста и личното откривање на нови вештини со барање детето да му се допадне на возрасното лице, а потоа да има негативни ефекти врз самодовербата и преземањето одговорност.

Би ве посоветувала да ги поттикнувате и стимулирате крупната и фината моторика. Значи, вежби и одење повеќе надвор, но и дома, да се качува, да скока, да оди, да игра со топка. Потоа редење коцки, предмети, влечење и носење играчки додека оди. Учете групирање на играчките по тип, големина или боја. Обрнете внимание дали следи инструкции во два чекора, на пример: „Соблечи ги чевлите и стави ги настрана“.

Манипулацијата што ја вршат рацете и прстите е основна функција во невромоторната организација, како и во когнитивниот, моторниот, чувствителниот, афективниот и релациониот развој на детето. Фаќање и пипкање на различни текстури, покажување и именување предмети, читање сликовници, животни, автомобилчиња. Обезбедете му на детето разновидни материјали – да бои, сече, лепи, да меси пластелин, заедно со родителите, а потоа и сам.

Родителите, а и вие доколку сте таму, бидете достапни за играње со вашето дете/внуче, но и оставете слободен простор тој самиот да истражува и да учи и има своја неструктурирана игра.

Поттикнете ги моментите на контакт со други деца. Пејте со него, играјте и слушајте музика. Можете да воведете игри со улоги, како што е кујна или медицински комплет за да ја поттикнете креативноста.

Доколку дома зборувате еден јазик, продолжете така, да не го мешате јазикот дома, а детето постепено ќе почне да го усвојува и јазикот каде што живее. Да се избегнуваат мобилен, телевизор и лаптоп. Очекувајте јаки емотивни реакции бидејќи неговите вербални, физички и емоционални вештини не се добро развиени, па вашето внуче лесно може да се фрустрира кога не ќе може соодветно да комуницира или да заврши некоја задача.

Ако имате потреба од разговор и дополнителна помош за развојот на вашето дете, потребно е да закажете родителско советување и психоедукација на sovetuvanje@gmail.com

Одговара: Билјана Манасова-Јовановиќ, дефектолог и психотерапевт; Психотерапија и советување 
е-пошта: sovetuvanje@gmail.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.



912

X