Весна Јаневска по професија е патолог, вработена во Институтот за патологија во Скопје, професорка на Медицинскиот факултет и поранешна пратеничка во Собранието.
Кој Ви беше главниот мотив за прифаќање на функцијата?
Како човек практичар, со долгогодишно искуство, познати предизвици и огромна волја да дадам придонес за развој на државата преку унапредување на овој суштински општествен сегмент, ја прифатив поканата да бидам дел од новата Влада. Верувам во позитивни резултати. Добро почнавме и очекувам така и да продолжиме.
Најавивте модернизација на образованието. Што ќе опфаќа таквиот концепт?
Фронт на сите полиња. Немаме време за етапни промени бидејќи со развојот на образованието толку многу се доцни, што, на пример, според меѓународните тестирања на знаењето на учениците, сме на ранг со земји од третиот свет. Веќе почнавме активно да дејствуваме и во основното и во средното образование, а наскоро започнуваме и во високото. Приоритет е обезбедувањето учебници по предметите што недостигаат. Инфраструктура и дигитализација. Подобрување на статусот на наставниците во општеството и поголема мотивација за работа. Надминување на предизвиците поврзани со инклузивноста на образовниот систем. Во средното образование – развој и проширување на концептот на дуално образование. Повеќе пари за наука и стимулација на иновации и научни трудови…
Ќе го зголемиме буџетот за образование и наука
Што треба да се направи за да се подобри квалитетот и имиџот на државните универзитети и факултети кои не успеваат да се вбројат во подобрите во Европа и светот?
Седум години УКИМ како најстар универзитет во Македонија континуирано паѓа на ранг-листите и сега е некаде на 2.000-тото место. За жал, нема поместување во нагорна линија и тоа е пораз за државата. Ништо не се направи досега, освен што се зборуваше за промени … Да бидам конкретна, кои се нашите намери? Планираме зголемување на буџетот за образование од 3,4 на 5% од БДП, а тоа значи и повеќе пари за високото образование. Планираме и зголемување на средствата за наука заедно со реалниот сектор на 1% од БДП, имајќи предвид дека сега е нешто над 0,3%. Ќе го издвојам и формирањето на Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката и истражувањето и развојот со учество на претставници на универзитетите и научните институции, МАНУ, МОН, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор, раководено од Владата. Мислам дека тука ќе се создаде најдобрата стратегија како да се унапреди работата и атрактивноста на нашите универзитети, кои, секако, мораат и сами да се заложат за подобри резултати. Се разбира, и Законот за високото образование ќе се менува.
Остатокот од интервјуто прочитајте го на Факултети.мк
912