Подолу се дадени пет вредни совети за поттикнување подобра комуникација со вашето дете:

Кажете му на детето јасно што сакате

Една од најголемите грешки што ги прават родителите е да им даваат негативни наредби на своите деца (на пр. „Не бегај!“ или „Не допирај го тоа!“). Со оглед на тоа што децата сè уште имаат недоволно развиени способности за логично размислување, не им е јасно што треба да прават наместо она што го прават моментално, односно што треба да прават, ако на пример не сакате да трчаат.

Со оглед на недостигот на логично размислување и слабата контрола на импулсите, на децата им требаат позитивни инструкции како „Оди, те молам!“ Со други зборови, наместо негативни заповеди и забрани за одредено однесување, дајте им позитивна заповед и алтернативно однесување кое е пожелно во таа ситуација.

Наредбите треба да бидат јасни и разбирливи

На децата им е тешко да следат низа упатства. Ако сакате да ја разберат вашата комуникација, тогаш треба да се спуштите на нивното ниво на развој. Ова значи дека треба да му дадете на вашето дете само една разумна команда на која треба да се фокусира.

Обидете се да комуницирате преку играта

Преку игра децата учат, истражуваат, се поврзуваат и комуницираат. Поради оваа причина, се сугерира барањата на родителите понекогаш да се исполнуваат преку игра, особено ако децата се такви што сакаат одреден тип игра (на пр., лов, трки).

На пример, ако сакате да му кажете на детето да ги остави играчките, бидете имагинативни и направете го тоа преку игра. Претворете ја кутијата за играчки во гол и фрлете ги играчките во голот, со цел да ги внесете сите во кутијата што е можно поскоро.

Сочувствувајте со децата

Родителите обично разговараат со своите деца на начин на кој тие веројатно не би сакале да им се обраќаат. Со други зборови, обидете се да замислите како би се чувствувале доколку некој ве замоли да станете додека моментално уживате во вашата омилена игра.

Наместо да одите во насока на викање, обидете се да сочувствувате со детето. На пример: „Знам дека си многу зафатен/а во моментов и не сакам да ти ја прекинувам забавата, но морам да те замолам да ги ставиш чевлите во шкафчето за да можеш да продолжиш да играш“.

Поставете си ги следните три прашања

-Зошто моето дете се однесува на овој начин?
-Како се чувствува моето дете?
-Што се обидувам да го научам моето дете?

Мора да знаете дека децата често немаат доволно развиени комуникациски вештини за да се изразат. Тие може да се чувствуваат несоодветно и да копнеат по вашето внимание, или едноставно не ја разбираат важноста на вашите барања.

Она што е многу важно да се држи под контрола кога се дисциплинира детето и се развива комуникацијата е родителската вознемиреност. Имено, кога родителите се вознемирени бидејќи детето не ги слуша, детето се чувствува несигурно и ја иницира реакцијата „бори се или бегај“ од ситуацијата во која се наоѓа.

Кога родителите се вознемируваат, децата престануваат да слушаат и се фокусираат на вашето однесување, што потоа се одразува врз нив. Вдишете длабоко и останете смирени докрај.

Без разлика дали вашите деца ве слушаат или се борите со проблем во однесувањето, една од најдобрите работи што можете да ги направите е да сочувствувате. На крајот на краиштата, гледајќи од перспективата на возрасните, знаеме дека не постои подобар метод за градење квалитетна врска од тоа некој да нѐ слуша и да се обиде да разбере зошто така се однесуваме и со што се бориме.

Автор: Марија Шимуниќ



912

X