Нашата домашна средина во голема мера ја обликува основата за тоа какви личности стануваме. Таа средина придонесува за нашата личност и за тоа како подоцна ќе се однесуваме во врските. Ако сме ги набљудувале возрасните во нашата средина како практикуваат одредени интеракции, ние ги имитираме тие начини на интеракција со другите луѓе.

-Многу луѓе растат и влегуваат во врски кои носат нездрава динамика и нефункционални обрасци, имитирајќи детство од кое сè уште не се излечиле. Често, по неколку неуспешни врски, луѓето подлегнуваат на терапија, прашувајќи се како да ги променат шаблоните во кои се заглавени – вели терапевтот Кејти Гилис.

Сепак, таа додава дека не сите наши врски се одраз на нашите родители, но има неколку заеднички карактеристики, вклучувајќи ги и однесувањата што ги учиме дека се прифатливи и она што мислиме дека го заслужуваме во романтична врска.

Затоа, таа издвоила три работи кои ги учиме од нашите родители за интимните и романтичните врски.

Она што го заслужуваме: Децата учат многу гледајќи, и гледаат сè. Од мали нозе развиваат увид во тоа што заслужуваат во партнерството.

-Ако една девојка ја гледа својата мајка како плаче сама секојпат, но одбива (или не може) да го остави мажот што ја малтретира, таа ќе сфати дека тоа е прифатливо, или барем оправдано однесување во бракот. Не дознаваме само што ќе трпиме во партнерство, туку и дали заслужуваме да дозволиме одредени однесувања – објаснува терапевтот.

Како да се комуницира:

-Како луѓе, ние постојано комуницираме едни со други на многу невербални начини – говор на телото, пасивно-агресивни коментари или звучни воздишки, трескање на вратите или користење „тивок третман“. Кога се набљудуваат возрасните во домот кои ги користат овие нездрави начини на изразување на незадоволството, децата учат дека тоа е начинот на комуникација. Некои, за жал, не научиле здрави начини за управување со конфликти до полнолетството, кога биле во можност посвесно да набљудуваат како другите се справуваат со стресните настани, на начини со кои им било поудобно да се справуваат – истакнала Гилис.

Која е нашата улога:

-Нашата улога доаѓа од многу нешта, почнувајќи надвор од нашето семејство, но е зацврстена во рамките на нашата семејна единица. Полот и религијата, меѓу другите фактори, работат заедно за да формираат очекувања за тоа како треба да се однесуваме и кои треба да станеме во врската. Детето родено во религија или култура каде што мислењето на жените не се вреднува, може да се бори да биде слушнато во својот дом. Ако мало момче го гледа својот татко како работи долги часови, едвај има време за себе или за своето семејство, тоа ќе научи дека тоа е начинот на кој треба да се биде маж – додава таа.

-Исцелувањето од минатото не е вина, туку учење и разбирање. Како што растеме, ние сме во состојба да развиеме увид додека ги поврзуваме актуелните нездрави обрасци и искуства од детството. Свесноста е првиот чекор во менувањето на некорисното однесување – заклучила Гилис.

Извор



912

X