Уште едно кадифено мече, уште еден автомобил на далечински управувач, затоа што, претпоставувам, четири не се доволни.
Може, може, може? Ми се чини, каде и да одам, моите деца ќе најдат нешто што навистина им треба и нешто без кое не можат да живеат. И, кога ќе видат дека нема да им купам нешто, работите ескалираат до тантрум. Се разбира, тоа не се случува секој ден, но ми се чинеше дека сопственото дете ме мачи и исцрпува секогаш кога одевме да купиме леб и млеко.
Но, и покрај тоа што многу пати водевме разговор пред да одиме во продавница, и за тоа што може да се купи, а што не, воведов уште еден едноставен трик.
Сето ова ми беше важно не само за да избегнам тантруми и конфликти со моите деца, туку и затоа што сакав да ги научам на вештината на одложување на задоволството, што е клучна работа за идниот успех. Поважна од успехот во училиште и од коефициентот на интелигенција. Дополнително, децата кои се способни да ги контролираат импулсите на здрав начин ја носат оваа многу важна способност во зрелоста.
Еве што треба да направите ако вашето дете побара да му купите нешто одма:
- Сослушајте ја желбата и покажете дека ја разбирате (околу 30 секунди). Само една, едноставна реченица како: „Да, таа нова фигура е одлична“. Ако го заборавите овој чекор, веројатно ќе се соочите со проблем.
- Поставете му го прашањето: „Дали сакаш да ја ставиме фигурата на списокот со желби?“ (Дајте му 30 секунди). Ова ќе го префрли фокусот од желбата на детето да има нешто сега и веднаш на проверка дали таа фигура е една од работите што навистина ги сака.
- Почитувајте го одговорот (дајте му една минута). Ако каже да, тогаш веднаш ставете ја играчката во листата на желби. Не подоцна, не кога ќе завршите со пазарење. Веднаш. Колку и да звучи смешно, децата ги заслужуваат овие две минути од нашето време.
И тоа е тоа.
Не само што ги решивте молењето и бесот, туку имате и список за роденден или други пригоди кога бабата и тетката прашуваат што да му купат на детето.
Кај нас дома секој месец ја разгледуваме листата со желби. Потоа ги гледаат тие ситни желби, играчките со кои би играле само два дена, покрај другите важни, како на пример нов велосипед или патување со мама и тато. И тоа е совршена можност да зборуваме за фактот дека ако редовно трошиме пари на мали и не толку важни работи, нема да ни остане ништо за големите и навистина важните, како некои големи цели и патувања.
Во повеќето случаи, децата потоа се премислуваат и од списокот самите ги отстрануваат тие импулсивни желби. Што е одлично, затоа што не морате строго и луто да ги уверувате колку се разгалени што побарале уште една кукла Лол.
И на крајот, наместо да им ја наполните просторијата со куп слични играчки кои ќе завршат во некое ќоше, вие ги натеравте да научат да го одложуваат задоволувањето, да ги контролираат нивните импулси и да одат кон повисока цел.
912