– Тоа што жените носат мало човече во нивната утроба навистина може да предизвика намалување на нивниот мозок и ова губење на волуменот може да трае и до две години – вели д-р Каран Раџ, кој е познат по своите објаснувања за здравјето и разоткривање митови, во своето најново видео на „Тик-ток“.
– Поточно, постојат докази дека се намалува сивата материја на мозокот – тоа е ткивото што ги содржи клеточните тела и синапсите на нервните клетки – додава Раџ.
Секако дека е во право. Истражување направено врз жените за време на бременоста и по бременоста открива дека мозокот се намалува кога расте бебето во утробата, а потоа повторно се зголемува по породувањето.
Кај оние со прееклампсија, големината на мозокот била значително помала отколку кај здравите учесници и пред и по породувањето.
Се смета дека овие промени може да траат од неколку месеци до две години по породувањето. Но, постои нормално објаснување за ова.
– Иако губењето на сивата материја звучи како да е штетно и доведува до губење на функцијата, всушност, ефектот може да биде целосно спротивен. Губењето на волуменот може да доведе до рационализација на мозочните врски – вели д-р Раџ.
Што всушност значи сето ова?
Се смета дека намалувањето на сивата маса кај бремените жени се случува во областите на мозокот вклучени во обработката и реагирањето на социјалните сигнали.
– Теоријата е дека мозоците на новите мајки стануваат поефикасно поврзани во областите што им овозможуваат да одговорат на потребите на нивното доенче или да детектираат заканувачки луѓе во нивната околина – објаснува д-р Раџ.
Исто така, истражувањата покажаа дека нема докази дека меморијата се влошува за време на бременоста. Иако многу мајки го поврзуваат заборавањето со бременоста, „маглата“ се расчистува по раѓањето на децата.
Мозочните промени се случуваат кај жените без оглед на тоа како зачнале, дали природно или ин витро.
Кога биле спроведени слични истражувања за сивата маса на татковците, немало пријавени промени.
912