Болничарката Ники Јуркуц ги предупредува родителите на бебиња и мали деца да не ги игнорираат симптомите кои може да укажуваат на дехидратација. На нејзината едукативна платформа, „Tiny Hearts Education“, таа објавила дека ако детето има помалку мокри пелени, тоа може да биде знак е дехидрирано, а тоа се случува многу побрзо кај децата отколку кај возрасните, особено кога се болни.
„Доколку детето не се чувствува добро, родителите треба да следат колку јаде, пие и уринира“, рекла таа и ги повикала родителите повеќе да внимаваат на количината на влажни пелени.
„Задолжително внимавајте на тоа кога вашето дете е болно. Нормално е да не сака да јаде, а понекогаш и не пие ако е болно“, додала таа.
Покрај апетитот и мокрењето, таа ги советува родителите да ги следат и другите симптоми. Тоа се суви усни, јазик, уста и грло, гадење, потемна урина, или урина која силно мириса, плачење без солзи, забрзано дишење и вдлабната фонтанела. На дехидратација укажуваат и знаци како летаргија, поспаност, раздразливост, бледило, збунетост, забрзан пулс и студенило на допир.
Ако вашето бебе е помладо од шест месеци, Јуркуц советува да нудите мајчино или вештачко млеко што е можно почесто на детето и да го носите на лекар. На децата потешки од 10 килограми, може да им се дава вода или орален раствор за рехидратација на секои четири часа.
„Ако вашето дете е жедно, веројатно е веќе дехидрирано“, предупредува Јуркуц.
Ако сакате да го проверите нивото на хидратација на вашето малечко, нежно стискајте ја кожата на задниот дел од неговите зглобови. Ако бојата бавно се враќа, детето може да е дехидрирано.
912