Проблем кој постои одамна, но сѐ почесто го забележуваме кај децата од предучилишна возраст. Како се манифестира? Детето е засипнато, често го губи гласот на крајот од денот. Во разговор со родителите, генерално доаѓаме до заклучоци дека околината е бучна, дека децата често викаат и се обидуваат да ги совладаат другарите или сестрите/браќата во играта. Важен податок е одговорот на прашањето: Дали освен засипнатост, постои и алергија или дигестивен проблем (ГЕРБ). Во зависност од тие информации, детето се упатува кај специјалист за одредена област.

Во третманот на дисфонијата кај децата тргнуваме од едукација на родителите и децата за гласот, за хигиената на гласот и за спецификите на гласовниот третман. Третманот се состои од вежби за дишење, загревање на гласот, гласовни вежби кои мора да започнат нежно и без напнатост. Во случај на продолжени или повторени случаи на засипнат глас, детето го испраќаме на преглед кај фонијатар. Често се поставува дијагноза на нодулите-јазлите на гласните жици. Во исклучителни случаи, потребна е и хируршка интервенција, но доколку детето вгради нови навики во говорот, проблемот е решлив.

Како логопед го проценува квалитетот на гласот?

Оценувањето е повеќедимензионално и секогаш тргнуваме од тоа како родителот, т.е. детето го перципира неговиот глас, потоа како ни звучи гласот, земајќи ги предвид скалите и прашалниците кои ги користиме при набљудувањето и на крај, за да бидеме сигурни во квалитетот на гласот, сето тоа го комбинираме со примена на одредени програми за гласовна анализа.

Важно е детето да научи што е добро и лошо вокално однесување. Дали го довикуваме „гласно“ пријателот што е преку патот или доволно е само да му мавнеме? Тоа е почетокот и основата на гласовниот третман.

Колку долго трае третманот на засипнатост?

Обично околу три месеци, иако понекогаш е потребно повеќе време.

Автор: Мирна Зелиќ и Тања Тимотиќ/логопеди

Извор



912

X