Игротека

Луѓето се шокирани од воспитувањето на децата во 80-тите и 90-тите години

Популарната мрежа „Тик-ток“ е преплавена со видеа од 80-тите и 90-тите години. Но, луѓето беа шокирани кога видоа колку биле дезинформирани родителите пред дигиталната ера.

Рејчел сподели видео во кое покажува со што ја хранела нејзината мајка само неколку часа по раѓањето, во 1986 година.

– Не, тоа не е обична вода, тоа е вода со шеќер – открива Рејчел во видеото.

Денешните упатства наведуваат дека бебињата треба да пијат само мајчино млеко или вештачко млеко најмалку шест месеци. Исто така, шеќерот треба да се избегнува во текот на првите две години од животот бидејќи консумацијата на пијалаци засладени со шеќер е поврзана со зголемен ризик од прекумерна тежина или дебелина.

Рејчел сподели уште едно видео во кое покажа како изгледала нејзината детска соба, односно креветчето. Додека како бебе лежи на грб, опкружена со перници и кадифени играчки, ова е нешто на што педијатрите денес често ги предупредуваат родителите.

– Ќебињата, перниците, играчките, оградите од ткаенина и другите меки предмети треба да се чуваат надвор од просторот за спиење – велат педијатрите за да се намали ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчињата.

Watch on TikTok

Житарките станаа тема на уште едно контроверзно видео споделено од корисникот Вон. На видео од 1990 година неговата мајка го храни со оризови снегулки, иако тогаш имал само еден месец.

На видеото може да се слушне како мајката на Вон цитира списание за родители кое ги советува родителите и старателите да не ги хранат бебињата со шише, туку со лажица.

– Потврдите работи се јадат со лажица – вели таа.

Во последните 20 години се препорачува доенчињата да не се хранат со цврста храна пред да наполнат шест месеци.

– Чудо е што кој било од нас преживеал – коментира еден шокиран интернет-корисник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top