Студија од 2022 година покажа дека медот може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта. Оваа студија е објавена во научното списание „Нутришн ревјус“, а ја спровеле научници од Универзитетот во Торонто.

Истражувачите се фокусирале на 18 различни контролирани испитувања кои опфатиле повеќе од 1.110 лица и траеле во просек околу два месеца. Тие сакале да утврдат какво и колкаво влијание има медот врз кардиоваскуларните метаболички ризик-фактори.

Резултатите покажале дека медот позитивно влијае врз здравјето на срцето, односно поволно влијае врз нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Учесниците генерално консумирале околу две полни лажички мед дневно, но било забележано дека сировиот мед е тој што дава многу повеќе придобивки. Од друга страна, преработениот мед не е толку ефикасен кога се во прашање придобивките за организмот. Инаку, сиров мед е мед кој е апсолутно природен, непреработен, непастеризиран, нефилтриран, без никаква последователна обработка.

– Овие резултати се изненадувачки, ако се земе предвид дека медот е приближно 80 отсто шеќер. Но, медот е и сложен состав од шеќери, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето – заклучуваат истражувачите кои го спровеле истражувањето.

– Медот е богат со антиоксиданси кои се добри за здравјето на срцето. Содржи флавоноиди кои имаат способност да спречат формирање на згрутчување на крвта, но и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес – вели нутриционистот Кетрин Хервасио.

Експертите велат дека една до две лажици мед дневно се доволни за да ги добиете хранливите материи што ви се потребни.

Таа додаде дека сировиот мед не претрпел никакви методи на преработка, поради што задржува повеќе хранливи материи и антиоксиданси од преработениот мед.

– Јадењето мед во најприродна состојба е најдобрата опција – вели Кетрин.

Извор



912

X