Со охрабрувањето и поттикнувањето на креативноста не само што ќе му помогнеме на детето да се чувствува подобро во сопствената кожа туку и ќе му ги зголемиме шансите за успех. Истражувањата покажуваат дека децата со висока самосвест главно имаат такви родители. Многу е веројатно да имаат добра и цврста врска, па родителите кон нив да се однесуваат чесно и доследно. Со оглед на тоа дека високата самосвест ги зголемува шансите за успех, можеме да заклучиме дека успехот создава успех, а неуспехот неуспех.

Како да се изгради самосвест кај детето и неговата самопочит?

1. Сакајте го поради она што е, а не поради она што може.

2. Никогаш немојте да го критикувате детето, туку неговото однесување. Бидејќи, вашето дете е секогаш добро, вие безрезервно го сакате, а тоа само во одредена ситуација се однесувало лошо. Така што, тоа не е лошо само по себе.

3. Во име на напредокот на детето, внимателно одбирајте ги активностите и трпеливо преминувајте од една на друга.

4. Секогаш покажете дека сте горди што дало сè од себе, без разлика дали во некоја активност успеало или не.

5. Поставете му предизвици за да го искуси јакнењето на самодовербата, бидејќи тоа доаѓа од успешното совладување на тешкотиите.

6. Паметно одбирајте ги предизвиците за своето дете, односно одбирајте ги оние што имаат најмала можност за неуспех. Имено, ако вашето дете постојано е неуспешно, ќе му се наруши самосвеста.

7. Вашето дете прво нека испроба некоја активност без да биде оптоварено со императивот на успехот. Така што немојте однапред да му ја споменувате важноста на успехот. Ако успее, секако, пофалете го.

Да го додадеме и тоа дека кај пофалбите треба да бидете одредени, конструктивни. Имено, со конструктивна пофалба покажувате дека сте го забележале одреденото однесување на детето или особина, па сакате тоа да го поддржите и со тоа да го мотивирате детето на слично однесување и во иднина (на пример: Одлично си го средил своето работно биро или Прекрасна е куќичката на твојот цртеж…). За разлика од неконструктивни и општи пофалби со кои не го поддржувате ниту однесувањето ниту особината (на пример: Баш си добар мамин син) или кога детето го оптоварувате со своите високи очекувања кои тоа можеби не може да ги исполни (на пример: Знам дека ќе бидеш одличен во математика).

Зошто е ова уште важно? Затоа што истражувањата покажале дека децата што се навикнати на општи пофалби постигнуваат полоши резултати на училиште. Освен тоа, децата кои на овој начин се пофалуваат стануваат несреќни, бидејќи се чувствуваат како да не можат да ги исполнат лажните очекувања на својата средина. Затоа, секогаш бидете конкретни кофа му давате пофалба.

Извор



912

X