Кој и да рекол: „Не е важно она што го велиш, туку она што го правиш“, никогаш немал деца. Децата учат многу за тоа како функционира комуникацијата набљудувајќи ги своите родители. Ако сте зајадливи, и децата ќе бидат такви. Ако сте лути, веројатно и децата ќе бидат лути. Ако користите лоши зборови, и тие ќе користат лоши зборови. Се разбира, тоа се однесува и на онаа помалку очигледна територија: несвесно кажување фрази кои на прв поглед звучат безопасно. Неколку експерти за односи издвоиле 7 фрази кои не би смееле да се употребуваат во комуникацијата со партнерот во присуство на децата:

Премногу си чувствителен

Генерално, никој нема право да му кажува на друго лице како да се чувствува. Оваа лоша навика им испраќа многу лоша порака на децата. „Изјава како оваа ги поништува чувствата на вашиот партнер и му кажува дека нема право да биде вознемирен“, вели терапевтот за парови Кимберли Хершенсон и додава дека никој нема право да ви каже која е соодветната реакција на ситуацијата бидејќи се работи за ваши чувства.

Не ми е гајле

Ако партнерот ве прашува за мислење или идеја, фразите како не ми е гајле или не ме интересира испраќаат сигнал дека не сте заинтересирани за она што има да го каже, вели Хершенсон. Постојат попристојни начини на кои можете да покажете дека не сте заинтересирани или дали ќе нарачате мексиканска или италијанска храна за вечера бидејќи под а- и двете се вкусни, и под б – по долг ден оваа одлука не ве интересира.

Зафатен сум

Луѓето се поврзани повеќе од кога и да е, а повторно се осамени повеќе од кога и да е – а ваквите фрази најчесто се причина за тоа. „Говорејќи дека сте зафатени или дека немате време додека истовремено правите нешто, како допишување или одговарање на е-пошта, додека вашиот партнер се обидува да добие повратна информација од вас – прави да се чувствува осамен“, објаснува терапевтот. Додава дека таквите фрази исто така им испраќаат лоша порака на децата, правејќи тие да се чувствуваат како да не се доволно важни за вас.

Морам да вежбам бидејќи моето тело…

Без разлика на фактот што не сте ги виделе ножните прсти подолго време, оваа забелешка може да има потресно влијание врз сликата на детето за сопственото тело – вели д-р Фран Валфиш, психотерапевт. „Ако вашето дете ве гледа како секојдневно стоите на вага и велите дека сте дебели, би можело да развие нездрава слика за своето тело. Бидете свесни за она што го кажувате и правите бидејќи за децата тоа е своевиден образец со чија помош впиваат пораки за себе“.

Ти реков

Овој израз не помага во ниту еден однос, па нема ни дома – вели советникот за парови Џонатан Бенет. „Можеби се чини безопасно да му се каже на партнерот дека вие сте во право, а тој не е, но на децата им се испраќа порака дека поентата на комуникацијата е во тоа да покажете дека сте во право и дека целта е да се контролира ситуацијата наместо да се постигнува заедничка цел“.

Погледни што си направил

Ваквата фраза подразбира дека грешката сама по себе е голема работа, што е неконструктивно и непристојно. „Наместо тоа, фокусирајте се на тоа така што грешката може да се поправи на задоволство на двете страни“, вели Бенет и додава дека грешките секогаш треба да се сфаќаат како можност за учење наместо како неуспех.

Никогаш ништо не правиш

Ако му зборувате на партнерот дека никогаш ништо не прави по дома, се подразбира дека вие сте презафатени со домашните обврски, а другите во вашето семејство не прават ништо и немаат еднаков товар. Со оглед на тоа дека децата поминуваат многу време дома, тоа би можело да им даде впечаток дека партнерот кој на некој друг начин придонесува кон домаќинството всушност не прави ништо“, објаснува советникот.

Автор: Чејс Шајнбаум

Извор



912

X