Родителите се многу свесни за проблематичната природа на денешната родителска култура и вообичаено се способни да ги идентификуваат вознемирувачките пораки како контрадикторни и смешни. Популарноста на филмовите како „Лоши мајки“ и сл. сугерира да сфатиме дека едноставно премногу „работиме“ како мајки. И покрај тоа, ослободувањето од внатрешните очекувања да се биде совршен родител е навистина поголем предизвик. Студија за влијанието на интензивните пораки за мајките открива дека додека родителите може да ги согледаат проблемите што се појавуваат од поставувањето „златни“ стандарди за добро родителство, сепак, работат понапорно од кога и да е за да ги постигнат.

Родителските правила се движечки цели, а откако станав мајка пред 15 години, согледував дека е сè поневозможно да се постигнат тие правила. Бројот на потребни ресурси е поголем од кога и да е – родителите во 80-тите години сигурно чувствувале притисок дали децата им јадат доволно зеленчук, но сега од нас се очекува на децата да им даваме органска храна подготвена дома, без глутен и шеќер. Сè уште се потпираме на родителски експерти, но количината на информации што ни се достапни е контрадикторна и секогаш се менува, па тешко ни е да одлучиме во што да имаме доверба.

Но, додека невозможните родителски стандарди се различни во секоја заедница, има 6 клучни вредности што се дел од секоја култура – и кои прават да биде невозможно родителите да успеат во своите улоги.

Колку повеќе жртвувате, толку повеќе сакате

Жртвата долго се поврзувала со концептот на родителството, а тука спаѓа и личната жртва. Начинот на кој го поминуваме нашето време, енергијата и финансиските ресурси се менуваат драматично кога имаме деца. Сакаме нашата жртва да биде признаена и валидизирана, но често тоа има исход како натпревар – кој е најизморен, кој имал најтешко заздравување од породувањето, кој морал најдолго да смирува бебе додека плаче и сл. За жал, примаме суптилни, но и не толку суптилни пораки кои ја зајакнуваат идејата дека колку повеќе жртвуваме, толку повеќе ја покажуваме нашата љубов кон децата. Тоа е очигледно лажна конекција и може да нè доведе да го ставивме физичкото и менталното здравје во загрозувачка состојба. Да им кажувате на луѓето дека се подобри родители ако страдаат повеќе и се жртвуваат, можеби вештачки ќе ја засили нивната родителска самодоверба, но ќе креира болен круг на непотребни жртви, па во семејството центар ќе бидат децата иако би требало сите потреби на секој член од семејството да се еднакво важни.

Прво инвестирај, а биди награден подоцна

Зголемен е притисокот врз родителите да постапат правилно со децата во раните години. Родителите започнуваат да инвестираат во иднината на своите деца уште во текот на бременоста, а тоа продолжува со раѓањето. Анксиозноста продолжува да расте додека новите родители се обидуваат да сфатат што да прават со спиењето/јадењето/активностите/социјализацијата на своите деца за да се осигурат дека ќе бидат паметни/самоуверени/социјализирани/здрави. Треба да се грижите за детето, да се соочувате со секојдневните проблеми, да ги завршувате обврските. Навистина е комплексно. Да не го споменуваме советот дека треба да се биде присутен родител – што значи дека родителството вклучува и многу планирање, превенција, па дури и е невозможно да се живее постојано во моментот. Истражувачот за родителство Линда Роус Енис вели дека навистина е добар начин за вработените родители да ја олеснат вината ако пронајдат начин за забавување и поддржување на своите деца без да бидат присутни. Се разбира, не може сите родители да имаат пристап до истата количина на време и финансии за да инвестираат во децата, па тоа може да има негативно влијание врз нивниот родителски идентитет.

Опасностите се насекаде околу нас – останете будни и внимателни

Родителството е страшно само по себе и преполно со неизвесности, но невозможната родителска култура која се наметнува е дополнета со стравови. Родителите се бомбардирани со пораки за сите можни начини на кои нивните деца може да бидат во физичка или емоционална опасност, а тоа започнува уште со процесот на зачнување на детето. Споделување стравови за обиди за зачнување на постара возраст, опасности за време на бременоста и слично. Сето тоа станува преголем товар за некои луѓе, особено оние што имаат искуство со загуба. Кога децата доаѓаат на свет, стравовите се интензивираат, а со тоа се зголемува анксиозноста. Прво страв од опасности додека се бебиња, потоа како што растат, стравови од ризици на училиште, изложеност пред екрани и сајбер-булинг, социјални медиуми, односи со врсници, злоупотреба, болест, безбедност, здрави навики… преголем емоционален товар за родителите!

Тука се и стравот за економската безбедност, пандемии, политички ситуации и слично. Валидни се сите стравови, но маркетинг-компаниите го користат тој страв за да продаваат продукти преку засилување на таквите пораки – дека децата се постојано во опасност. Многумина не можат да се справат со сето тоа. Невозможната родителска култура се обидува да ги убеди родителите дека страдањето може да се превенира со доволна грижа, планирање и безбедносни продукти, бидејќи кога незамисливото ќе се случи, ние мислиме дека е наша вина.


Нека биде природно

Да се одржува сè колку што е можно поприродно. Многу родители се загрижени за токсините и хемикалиите, пластиката, пестицидите и слично. Па сè повеќе се вртат кон природните продукти, играчки, материјали, храна. Маркетинг-компаниите ставаат етикети на производите дека се работи за органски продукт, со фотографии од фарми и дрвја и животни за да се привлечат потрошувачите. Оттука се јавува и стравот дека одредена храна, како шеќерите, па дури и формулата за бебиња, може да биде штетна. Страв произлегува и од мислењето дека здравата храна и продукти се скапи и дека сите родители не можат да си ги дозволат. Изедначувањето на здраво=природно=добро е навистина проблематична, бидејќи резултира со тоа дека родителите што водат здрав живот се богати родители, додека посиромашните имаат чувство на вина и несоодветност.

Грижа за себе

Оваа невозможна родителска вредност е толку значајна бидејќи движењето кое пропагира грижа за себе е толку застапено во родителските заедници, но сепак не е успешно, бидејќи родителите се борат со своето ментално здравје и исцрпеноста. Тоа можеби во еден дел е и затоа што идејата за грижа за себе стана толку поврзувана со одреден сет на ресурси – како на пример, одење во спа-центар, излегувања, фитнес-активности. Грижата за себе која се припишува сосема ја промашува целта: она што е потребно за секоја личност е приватно, лично и комплицирано, но и постојано се менува. Индивидуалните искуства за опуштање и грижа за себе не се еднакви за сите. Да, треба да се најдат начини за да се грижиме ефикасно за себе, но грижата за себе не подразбира стрес, притисок, изолирано искуство.

Секој момент нека биде магичен

Невозможното барање секој момент да биде магичен. Ова значи документирање на растот и развојот на нашите деца, внимателно селектирани спомени. Изведби како откривање на полот, професионални фотографи за бебиња, огромни роденденски забави и слично – иако многу од овие аспекти се забавни, сепак, фактот дека споделуваме толку многу од овие моменти навистина нè охрабрува да ги премолчиме сите негативни чувства во однос на ситуациите и родителството. Затоа, многу родители ги пренасочуваат своите негативни мисли кон децата наместо да ги интерпретираат како нормален, па дури и потребен дел од родителството.

Авторите Сузан Џ. Даглас и Мередит Мајклс посочуваат дека мајчинството стана психолошка полициска состојба.

Кога ги кршиме невозможните родителски вредности една по една, не е чудно што толку многу родители велат дека децата се „само радост без забава“. Родителите работат понапорно од кога и да е за да изградат кариера и да се грижат за себе, своите партнери и својата заедница, додека секогаш ги приоретизираат потребите на децата. Навистина е тешко – невозможно, всушност, да се прави сето тоа во исто време.

Автор: Оливија Скоби

Извор



912

X