Доаѓањето дома со бебе од породилиште обично претставува магично време за поврзување кај повеќето парови. Меѓутоа, животот со новороденче исто така може да биде голем предизвик за паровите, стресен период кој веројатно не сте го очекувале. Неколку брачни советници споделуваат кои се најчестите проблеми кај паровите, како и грижите со кои новите родители се соочуваат по раѓањето на детето, но и совети како да постапат во таква ситуација.

1. Мојот партнер не е тука за мене на начинот на кој ми е потребен

Новите родители се соочуваат со многу предизвици: недостиг на сон, распореди на хранење, лекарски прегледи, завршување обврски со мало бебе. Сето тоа е исцрпувачко и може да биде фрустрирачко ако чувствувате дека партнерот не ви помага доволно. Немојте да дозволите вашите очекувања за одговорностите поврзани за бебето да бидат некажани. „Ако поделбата на обврски не е еднаква и на тебе е целиот товар од родителството, грижата за домаќинството и емоционалните работи – разговарај со партнерот. Седни со партнерот, зборувај искрено, но не наметнувај вина, негативност и критики – објаснува психотерапевтот Дори Гатер.

Кога ќе почне кавга, психотерапевтот истакнува дека треба да разговарате за своето детство, за улогите на вашите родители во воспитувањето и дека би сакала на сличен или на сосема различен начин да го одгледувате своето дете. „Потоа разговарајте за она што го очекувате, но немој само да поставуваш барања, разговарајте со партнерот и постигнете компромис“.

2. Исцрпена сум. Зошто сум јас единствената што менува пелени во текот на ноќта?

Квалитетниот сон замина на минатото откако имате новороденче. Кога твоето бебе е уште малечко, сметај се за среќна личност ако успееш да спиеш подолго од 3 часа во текот на ноќта. „Ако твојот партнер спие како бебе и воопшто не ти помага во текот на ноќта – се разбира дека ќе има замерки“, објаснува психотерапевтот Лаурел Стајберг. Ако мајката дои, се разбира дека хранењето е оставено само на неа, но партнерот во тој случај би требало да помогне околу сè друго – менувањето пелени или успивањето на бебето. А ако одлучи мајката да го воведе во својата рутина – нејзиниот партнер секако би требало да се вклучи и да го храни бебето со шишенце“. Решението на ваквите проблеми треба да биде практично – ако еден партнер станува рано и оди на работа, тогаш тој треба да ги преземе сите обврски во текот на викендот. Ако и двајцата партнери работат, би требало да се менуваат во обврските“.

3. Речиси никогаш немаме секс

Сексот без сомнеж е различен по раѓањето на бебето: со неколку подеми и падови на сексуалните желби кај двајцата партнери. Замор, стрес, недостиг на време, навики за спиење на бебето, физички проблеми, како вагинално крвавење или болка од доење, па и психички проблеми – сето тоа може да застане на патот на активниот сексуален живот. „Најчесто треба да помине малку време пред повторно да почувствуваш желба за секс или пред да почнеш да се чувствуваш добро во своето тело. Разговарај со партнерот за своите сексуални желби и променливи чувства во текот на овој период по породувањето. Со текот на времето сè ќе се врати на старо, ако не и на подобро“, вели советникот за парови Арон Андерсон.

4. Мислев дека имаме исти мислења кога се во прашање родителските стилови. Не бев во право

Можеби претходно сте разговарале за некои родителски теми, сте биле сложни за тоа дека нема да практикувате заедничко спиење и дека ти ќе доиш. Супер е да се планира, но кога бебето ќе дојде, работите може да се променат. Можеби ќе го промениш мислењето, можеби твојот партнер, а можеби и двајцата. „Бебето може да ги искомплицира и најдобрите планови“, вели психотерапевтот Гатер.

За да постигнете компромис, психотерапевтот предлага терапевтска техника која го олеснува длабокото слушање. „Едниот зборува, а другиот слуша и промислува за сето кажано сè додека првиот не заврши со споделувањето. Тогаш се заменуваат. Без прекини, се разбира“. Сепак, психотерапевтот нагласува дека никако не смееш да го засрамиш или критикуваш партнерот поради неговите уверувања. „Еднаш кога ќе ја слушнеме целата заднина од приказната – имаме повеќе разбирање и сочувство“.

5. Не се согласуваме околу гостите во домот со бебето

Гостите може да бидат голема тема при разговорот на новите родители, особено во текот на зимските месеци кога има грип и вироза. За да избегнете стресни кавги околу таквите посети, договорете се околу правилата што ќе важат за сите. Што треба да направат гостите кога ќе дојдат (соблекуваат чевли, да измијат раце…)? Што е забрането? Колку долго смеат да останат? „Целосно е разбирливо родителите да се загрижени околу бактериите или сакаат мирно време за да се зближат со новиот член на семејството“, вели психотерапевтот Стајнберг.

6. Партнерот веќе не ми посветува внимание

Преку ноќ сте станале тројца наместо двајца. Ви било убаво, романтично и сте ги сакале вашите заеднички моменти, а сега можеби се чувствувате малку занемарени од страна на партнерот, а веројатно и исцрпено и емоционално изморено поради своето бебе. Решението лежи во квалитетно поминатото време кога за тоа ќе најдете време. „Кога бебето спие, обидете се најдобро што можете да го искористите заедничкото време и поврзете се еден со друг. Изгасете го телевизорот и едноставно дружете се, истото вреди и кога ќе го оставите детето некој да го чува: тогаш излезете од дома и уживајте во заедничкото време во пар како некогаш. На крајот сите ќе имате корист од тоа. Среќни родители, среќно бебе, објаснува советникот за парови.

Автор: Британи Вонг

Извор



912

X