Секогаш обрнувајте внимание на оддалеченоста меѓу вас и детето

Ова ќе зависи и од возраста бидејќи малите деца сакаат да бидат блиску до родителите. Добра оддалеченост е неколку чекори меѓу вас, за да не го загрозите она што се нарекува личен простор. Близината е добра за галење и прегрнување, но влегувањето во личниот простор не е поволно за разговор. Ова значи дека не треба да се вика од другата соба, од кујната или од компјутерот.

Не инсистирајте на визуелен контакт

Верувале или не, вашето дете ве слуша дури и кога не ве гледа в очи. За гледање в очи е потребна концентрација, исто како и за слушање. Впрочем и во нормална конверзација соговорниците не се гледаат цело време в очи, па така и децата. Барањето „гледај ме в очи“ го одвлекува вниманието од пораката што сакате да ја соопштите.

Спуштете се на висина на детето

Очите нека ви бидат на иста висина, дури и ако детето не ве гледа в очи. За пораката да стигне до него, подобро е да се спуштите на негова висина или да седнете еден спроти друг.

Имајте го предвид вниманието на детето

Запомнете дека детето може да мисли само на една работа. Кога е зафатено со играње, тешко му е да го префрли вниманието кон вас. Имајте на ум дека децата не сакаат да ги прекинувате во играњето, исто како што и вие не сакате да ве прекинуваат во некоја активност.

Не заповедајте, туку разговарајте

Обраќајте му се на детето така што ќе разговарате со него, а не само да заповедате („Стави ја капата“, „Внимавај, ќе го истуриш тоа!“). Не треба да мислите дека наредбите се единствениот начин за комуникација со детето и дека тоа сè уште не е на „ниво на возрасен“ за вистински разговор. Никој, па ни детето, не сака константно да му се заповеда. Разговорот со детето треба да биде двонасочен – кажете му што сакате, а потоа сослушајте што има тоа да ви каже. Создавањето на оваа навика на разговор со децата ќе биде особено корисно кога ќе станат тинејџери.

 



912

X