Колку време губиме секој ден во успивање или убедување на детето да заспие? До скоро за успивање на две деца трошев до 1,5, час и не само што сметам дека тоа е изгубено време, бидејќи ништо корисно не правам (приказната е веќе прочитана и галењето завршено), туку се случува и јас да се успијам.

Секакви тактики испробав. Заспивање покрај детето, со приказна, само со добра ноќ и спиј, договори, комбинации кој со кого ќе спие и под какви услови… но, моите деца едноставно не сакаат да спијат. Потоа ја пробав наједноставната можна тактика и функционираше. И тоа за 3 дена.

Секое чудо – за 3 дена. Секоја навика – 3 дена до промена.

Се обидов сто пати и ја потврдувам теоријата во практика. За 3 дена успеав да ги оставам цигарите и тоа без нервоза. За 3 дена одлучив детето не се засладува по секој оброк. За 3 дена го навикнав детето да спие само во својата соба. Сè е можно. Немојте да планирате, туку преземете ги работите во свои раце. Целта го надминува планирањето.

Овие 3 работи ги сторив:

-Да се прочита веќе позната приказна и да се галите. Тоа да се прави до 1,5 час пред спиењето. Времето искористено за овој чекор е 10 минути, никако повеќе, бидејќи во тој случај целото време за заспивање ќе останете во соба со детето.
-Да се даде слободно време од еден час за чаша вода, мочкање, „се плашам“, „топло ми е“.
-Едноставно поместете го часовникот нанапред.

Тоа е тоа – и така 3 дена. Четвртиот ден – очекувајте го неочекуваното.

Дополнителен потсетник:

Лесна вечера, малку течности, придушено светло, температура, бакнеж.

Најважна работа е рутина, рутина, рутина. Секој ден, како и миењето заби.

Уживајте во вечерите со вашите деца, но и во своето време. Ви посакувам магични утра и мирни ноќи!

Извор



912

X