Можат да дишат и да голтаат истовремено, да препознаат дали ги сакате или не, се смеат 300 пати на ден и имаат толку силен стисок, што можат да ја држат целата своја тежина ако се фатат со прстињата за нешто.

Бебињата можеби и не се така беспомошни како што изгледаат. Тие се зависни од нас, ама следните 25 фасцинантни факти ќе ви откријат и некои нивни супермоќи:

1. Новите истражувања покажуваат дека бебињата почнуваат да регистрираат говор уште 10 недели пред раѓањето, а тоа е многу порано отколку што се мислело.
2. Бебињата се раѓаат со многу софистициран слух. Можат да одредат од каде доаѓа звукот десет минути по раѓањето.
3. Неколку часа по раѓањето способни се да го разликуваат гласот на мајката од другите, но и мајчиниот од странските јазици.
4. По 12 месеци, големината на мозокот двојно се зголемува. Мозокот на новороденото бебе тежи 10 отсто од вкупната маса на телото, додека кај возрасните процентот паѓа на 2.

5. Главата на новороденчето зазема околу 25 отсто од вкупната тежина на телото.
6. Околу шестиот месец од животот бебињата обично двојно ја зголемуваат својата тежина, а до првата година и тројно.
7. Забите почнуваат да растат уште во утробата, шест месеци пред да се роди бебето.
8. Бебињата може да дишат и да голтаат истовремено, а оваа можност ја губат околу седмиот месец од животот.
9. Се раѓаме со способност да пливаме и природно да го задржиме здивот. Тој инстинкт брзо исчезнува.
10. Стисокот на новороденото бебе е толку силен, што може да ја држи целата своја тежина ако со прстињата се фати за нешто.

11. Дури по три недели од раѓањето започнуваат да плачат со солзи. Пред тоа само врескаат.
12. Бебињата се раѓаат со 300 коски, а возрасните имаат 206. Со текот на растењето некои коски се спојуваат.
13. Немаат формирано чашка на коленото сè до шестиот месец или нешто подоцна.
14. При раѓање имаме повеќе рецептори за вкус отколку подоцна. Се наоѓаат на врвот на устата, отстрана и одзади, а не само на јазикот.
15. Рецепторите за солено на јазикот се развиваат околу четвртиот месец од животот.
16. Детето може да го препознае мајчиниот мирис, но и мајката, кога ќе ѝ се врзат очите, може да го издвои своето бебе од останатите според неговиот мирис.
17. При раѓањето срцето чука најбрзо, дури 180 отчукувања во минута. За само неколку часа отчукувањата се намалуваат на 140. Кај едногодишно дете се „смируваат“ до 115 во минута, а кај возрасните од 70 до 80 пати.

18. Просечното бебе во една година потрошува околу 2700 пелени.
19. Околу половина година потребно е детето да научи дека секој предмет е засебен. Претходно, секојпат кога ќе видат птица, помислуваат дека се работи за истата птица.
20. На институт во Вашингтон спровеле експеримент со бебиња од 18 месеци. Откриле дека бебињата се „натприродно“ чувствителни на промените на расположение околу нив, па можат да препознаат дали ги сакате или не, дури и кога не ви го гледаат лицето.

21. Очите на бебињата се веќе на 75 отсто од големината на возрасните. И многу се кратковиди до шест месеци возраст.
22. Според информациите од август 2014 година, секоја секунда во светот се раѓаат 4-5 бебиња.
23. Родените два дена пред терминот на почетокот не можат да се потат.
24. Новороденчињата обично му скратуваат на секој од родителите од 350 до 400 часа сон во текот на првата година. Тоа е една цела ноќ секоја недела.
25. Бебињата во просек се смеат 300 пати на ден, а возрасните само 60 пати. Веројатно тоа се случува затоа што не знаат за даноци и кризи, но фактот е дека уживаат во животот повеќе отколку нас. Опуштете се, децата се магично совршени мали машини, па не можете секогаш да ги поставите во табели и просеци. Уживајте со нив и смејте се.
Едно од најтешките бебиња што некогаш е родено, а преживе, имало 10,2 килограми, во Италија во 1955 година. Во Канада се родило дете со 10,50 килограми, но починало по 11 часа. Научниците дошле до сознание дека децата родени во мај во просек се за 200 грама потешки од останатите бебиња. Не успеале да сфатат зошто е така. Најголем број деца што ги родила една жена е 69. Помеѓу 1725 и 1765 година руска селанка родила 16 пара близнаци, седум тројки и четири четворки.

Извор

 



912

X