Воспитување

20-минутна активност преку која децата ќе научат да ги решаваат проблемите

Има многу дневни активности, како што се јадењето зеленчук, пишувањето домашни задачи, миењето заби, кои децата можеби не ги разбираат или не се грижат за нив, а кои се навистина корисни. Сепак, формирањето на овие навики е неопходно за децата да прераснат во одговорни возрасни лица.

Но, постои една активност за која помалку се зборува, а која е клучна за развојот на детето – занимавање со уметност.

„Децата што се занимаваат со уметност се подобри во решавање проблеми“, вели Сузан Магсамен од Центарот за применета невроестетика при медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

„Таквите деца градат посилни вештини на префронталниот кортекс, како што се извршната функција и меморијата. Тие можат подобро да ги регулираат своите емоции“, додава таа, истакнувајќи дека и не мора да го прават тоа толку долго за да се согледаат долгорочни ефекти.

„За почеток, интегрирајте 20 минути од некакво уметничко искуство секој ден, без разлика дали сте создавач или набљудувач“, предлага таа. Со разбирлива желба за нивните деца да бидат успешни, многу родители сакаат тие да учат само предмети од кои сметаат дека можат да се заработи.

„Создадовме верувања дека некои работи се губење време. Но, децата сакаат нови работи и се многу љубопитни. Да се ​​занимаваш со уметност не мора да значи запишување на детето на курсеви. Тоа може да биде и едноставно излегување од домот и гледање на облаците. Тоа е неверојатна активност што децата ја сакаат“, вели Ајви Рос од одделот за дизајн на хардвер во „Гугл“.

Дури и одредени ТВ-емисии можат да бидат дел од занимавањето со уметност.

„Се работи за тајмингот и рамнотежата. Уметност е и раскажувањето приказни, и музиката, и создавањето предмети со сопствени раце. Тоа е она што го сакате за вашето дете“, вели Рос.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top