Иако секогаш не се сложувате со педијатарот на вашето дете, сепак, најчесто сте на истра страна. Барем додека сте во неговата ординација. А надвор од ординацијата често се случува нешто што педијатрите многу ги нервира: Родителите често знаат да не ги послушаат советите на своите лекари кога се работи за сопственото здравје, но таа негативна пракса знаат да ја применат и кога се разботи за советите од педијатрите за здравјето на децата.
Според експертите, причините за тоа зошто родителите секогаш не ги применуваат советите од педијатрите можат да бидат различни исто колку што можат да бидат различни и последиците од тоа „оглушување“ од докторскиот совет – од ситни последици по здравјето кои и не се така опасни, па се до ризици кои го загрозуваат дури и животот на детето.
Педијатрите ги издвоиле 10-те најчести совети кои упорно им ги кажуваат на родителите, а тие упорно не ги применуваат, па дури и ги игнорираат.

1. Занемарување на правилото АБВ за безбеден сон на детето

-Под А, бебето треба да спие само. Под Б, треба да спие на грб и под В, да спие во своето креветче, вели д-р Џозеф Гиганте, професор по педијатрија на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, САД и педијатар во Детската болница Монро Карел Џуниор при истиот Универзитет. Американската академија за педијатрија ги разбира уморните родители и затоа препорачува доенчињата барем во првите шест месеци да спијат со родителите во спалната соба, но не во креветот на родителите туку во своето креветче.
-Секој месец гледаме како бебиња умираат од задушување при небезбедно спиење. Ридителите во спиење можат да се превртат врз бебето додека тоа спие во родителскиот кревет, предупредува д-р Џејми Кондис, педијатар во Детската болница „Свети Луис“ при Универзитетот Вашингтон.

2. Вакцинирање на децата

Иако постои силен научен и клинички консензус за поддршка на рутинското вакцинирање на децата, некои родители се спротивставуваат на тоа.
-Веројатно главната болест која може да се спречи со вакцина, а која ја гледаме кај доенчињата во нашата клиника и понекогаш гледаме како од неа умираат, е пертусис или голема кашлица, вели д-р Гиганте. Има и случаи на епидемии на мали сипаници и заушки, кои исто така, можат да се спечат со вакцинирање.

3. Возење велосипед без заштитен шлем

Над 2,2 милиони деца на возраст од 5 до 17 години, или просечно над 600 деца дневно, биле третирани во одделенијата за итни случаи во САД во педиодот од 2006 до 2015 година, стои во последното истражување на специјализираното американско списание „Анализи на несреќи и заштита“.
-Во поголемиот дел од несреќите со велосипед децата се здобиле со повреди на главата поради тоа што не носеле заштитен шлем, вели д-р Кондис, кој е и асистент по педијатриска итна медицина на универзитетот Вашингтон во Сент Луис, САД. И не само што педијатрите советуваат да се носи заштитен шлем, туку многу лекари во САД ги обучуваат родителите и децата како правилно се користи шлемот, а некои болници дури и подаруваат шлемови за деца само да се спречат повредите, но многу родители не се придржуваат на овој совет, велат педијатрите.

4. Не јадат здраво, пијат течни шеќери

-Постојано им зборувам колку е страшен сокот со шеќери за децата. Им зборувам и на родителите и на децата. Зборувам се додека не ми помодри лицето од зборување. Но, сепак се уште има нешто во главите на родителите што им вели дека таквиот сок е добар, вели д-р Ник ДеБласио од детската болница при Медицинскиот центар во Синсинати, САД. Понекогаш лекарите се попустливи за пиењето сокови со штетни шеќери, но сега Американската академија на педијатри е ригорозна и препорачува воопшто да не им се даваат сокови на децата под едногодишна возраст, а кај поголемите строго да се контролираат дозите, најмногу од 120 до 235 милилитри дневно, зависно од возраста на детето.

5. Чувајте ги лековите вон дофат на децата

Ако имате деца, не е доволно само да го затворите шишенцето со лекови и да го оставите на маса. Поради можноста деца да дојдат до вашите лекови ( кога се мали во игра или од љубопитност, или кога се поголеми зошто бараат опијати), безбедното чување на лековите надвор од дофат на децата, во заклучени шкафчиња на пример, е уште една многу честа тема во педијатриските ординации, но колку родителите ги слушаат овие совети.
-Малите деца можат да отворат многу повеќе шишенца или кутивчиња со лекови отколку то родителите мислат. Гледаме многу случаи на голтање апчиња. Затоа родители погрижете се да не дојде до случајно труење или предозирање“, вели д-р Кондис.

6. Несоодветно чување на оружјето, далеку од рацете и очите на децата

Дебатите за контрола на оружјето постојано се актуелна тема, а со тоа и последиците од оружјето – несреќи, убиства, самоубиства… Поради тоа, на лекарите веќе им станува рутина и пракса да ги советуваат родителите како безбедно да го чуваат оружјето од децата, кога веќе одлучиле да имаат дома оружје. Безбедноста на децата, кога е во прашање домашното оружје, подразбира заклучување на оружјето за детето во никој случај да не може да дојде до него, а камо ли да го употреби.
-Ние постојано им укажуваме на родителите да го заклучуваат оружјето. Има специјални брави за заклучување на пиштолите и им велиме на родителите да ги користат тие брави, а некои доктори дури делат и бесплатни брави за заклучување на оружје. Останува уште тоа родителите да ги искористат тие брави, вели д-р Кондис.

7. Докторот кажува сезонски совети, но советите излегуваат низ прозорецот

Ја косите тревата додека децата си играат околу вашата косилка? Немојте! Дали вашите деца носат појаси за спасување кога сте на брод, сплав, траект, чамец? Мораат! Ги намачкавте ли децата со средство за сончање пред да излезат да си играат на сонце? Не заборавајте!
-Често ни доаѓаат деца со изгореници од сонце. Многу родители мислат дека не треба или забораваат да ги намачкаат децата со крема за сончање ако не одат на плажа, туку само си играат во дворот. Секое дете од шест месеци па нагоре треба да биде намачкано со крема за сончање, а помалите од шест месеци не треба да се изнесуваат на така силно сонце и треба да носат капа и лесна облека да им ја заштити нежната кожа“, советува д-р ДеБласио.

8. Родителите лобираат за лекови, докторите велат: Што помалку лекови или без лекови, толку подобро

Кога детето ќе се разболи, разбирливо е што родителот сака да му помогне што побрзо да оздрави и знаат да настојуваат кај педијатарот за лекови.
-Но, лековите не лекуваат обична настинка, ниту пак антибиотиците за бактерии лекуваат од вируси. Напротив, ако се земаат без препорака од лекар или несоодветно се дозираат, можат да направат проблеми поради негативните ефекти од лекот или децата да станат отпорни на антибиотици со несоодветна употреба, предупредува д-р Гиганте.

9. Безбедно во кола? Да, во детско седиште, одзади

Пракса е уште при излегување од болница со новороденче докторите да објаснат како да се постави бебешкото седиште во автомобилот и како безбедно детето да се постави во него. Националните организации за безбедност во сообраќајот, исто така, многу често даваат безбедносни совети и пораки за тоа како треба да се возат децата во автомобил. Така и педијатрите тоа им го кажуваат на родителите. Постојат правила како, кога и какво седиште е потребно за детето според неговата возраст и тежина. Нив ги кажуваат стручни лица, само треба родителите да се придржуваат до тие професионални совети.

10. Не губете контрола над „екраните“

Денес децата, како и многумина од нивните родители, се залепени за екраните, незасисно дали се тоа екрани од телевизори, таблети, мобилни, конзоли за видео игри…
-Тоа може да предизвика децата да имаат проблеми, меѓу другото, и со спиењето, ако поминуваат многу време гледајќи во синото светло од екраните во нивните соби. Ги советувам семејствата дека правило број еден е во спалните соби да нема ниту еден таблет, телефон или телевизор, вели д-р ДеБласио. И останатите експерти велат – Прилагодете го времето и начинот на користење на уредите со екрани.

 



912

X