Велигденското украсување, шарените и весели велигденски јајца и креативните изработки се голема радост за децата. Особено кога и тие учествуваат во изработката.
Наталија Милорадовска e докторка, но и голема другарка на дечињата зашто заедно со нив прави креативни волшепства. Ни даде повеќе идеи за тоа како претстојниот празник да биде порадосен и поигрив.
– Правете ги украсните јајца и другите изработки заедно со децата. Така не само што им се развива креативноста, фината моторика, туку и се зближувате со нив, а тие ја чувствуваат празничната топлина и магија – вели Милорадовска.
Наталија Милорадовска
Идеите се интересни и не се комплицирани за изработка.
Еве како да направите чоколадна куќичка.
Децата може да се израдуваат и на едноставно велигденско петле од салфетки.
912