Кај некои луѓе алергијата на храна може да предизвика сериозни симптоми или дури и опасни за живот реакции познати како анафилакса, вели д-р Соња Петровска од клиничката болница „Жан Митрев“
Алергија на храна е реакција на имунолошкиот систем што се случува веднаш по јадењето одредена храна. Дури и мала количина храна што прави алергија може да предизвика знаци и симптоми како што се проблеми со дигестивниот систем, уртикарија или оток на дишните патишта.
Потребно е да се посети докторот или алерголог ако се јавиле симптоми на алергија на храна веднаш по јадење. Ако е можно, треба да се контактира доктор во моментот кога ќе се јави алергиска реакција.
Кај некои луѓе алергијата на храна може да предизвика сериозни симптоми или дури и опасни за живот реакции познати како анафилакса.
Алергијата на храна се јавува кај околу 6 до 8 проценти од децата и кај помалку од 3 % од возрасните. Без примање терапија некои деца ја надминуваат алергијата на храна со возраста.
Алергијата на храна лесно може да се помеша со многу почеста реакција позната како интолеранција на храна. Иако е здодевна, интолеранцијата на храна е помалку сериозна состојба која не го вклучува имунолошкиот систем.
Како изгледаат компликациите од алергијата?
Компликациите од алергија на храна може да вклучуваат aнафилакса и атопичен дерматитис (егзема). Алергијата на храна може да предизвика реакција на кожата, како што е егзема.
Анафилаксата може да предизвика опасни за живот знаци и симптоми, вклучувајќи:
– Спазам и оток на дишните патишта.
– Оток на грлото или сензација на грутка во грлото што го отежнува дишењето.
– Шокова состојба со силен пад на крвниот притисок.
– Брз пулс.
– Вртоглавица, зашеметеност или губење на свеста.
За оваа состојба најбитен е итен третман. Нелекувана, анафилаксата може да предизвика кома, па дури и смрт.
Фактори што можат да го зголемат ризикот од развој на анафилактична реакција:
– Позитивна анамнеза за астма.
– Помали деца или тинејџери.
– Одложена употреба на епинефрин во лекување на симптомите на алергија на храна.
– Ако нема податок за уртикарија или други кожни промени.
Фактори на ризик
Факторите на ризик од алергија на храна вклучуваат:
• Семејна историја. Постои зголемен ризик од алергии на храна ако астма, егзема, уртикарија или алергии, како што се поленска треска, се чести во едно семејство.
• Други алергии. Ако веќе постои алергија на една храна, можеби постои зголемен ризик да се јави алергија на друга. Слично на тоа, ако имате други видови алергиски реакции, на пример, поленска треска или егзема, ризикот од алергија на храна е поголем.
• Возраст. Алергиите на храна се почести кај децата, особено кај малите деца и доенчињата. Како што расте детето, така неговиот дигестивен систем созрева и неговото тело е помалку веројатно да апсорбира храна или компоненти на храна што предизвикуваат алергии.
За среќа, децата обично ги надминуваат алергиите на млеко, соја, пченица и јајца. Тешки алергии и алергии на јаткасти плодови и школки се со поголема веројатност да бидат доживотни.
• Астма. Астма и алергија на храна најчесто се јавуваат заедно. Кога ќе се појават симптоми на алергија на храна, тогаш симптомите на астма имаат поголема веројатност да бидат сериозни.
Автор. прим. д-р Соња Петровска, педијатар
912