Од денеска започнува пријавувањето на децата за учество во „Бибиверзум“. Доколку сакате вашето дете да биде дел од оваа програма, пополнете ја пријавата. Овој пат, „Бибиверзум“ ќе се одржува на две локации, ГТЦ-Центар и Аеродром.

Планирано е наставата да започне на средина на месец јуни и да трае два месеци, а децата ќе ја посетуваат еднаш неделно. Времетраењето на еден наставен час е 75 минути. Планирано е да има две групи, едната со дечиња од претшколска возраст (од 4 до 5,5 години), а втората со дечиња што одат на училиште (од 5,5 до 8-годишна возраст). Цената за еден месец е 2.000 денари.

Пријавувањето трае до моментот на пополнување на планираните места.



912

X