Рускиот психолог Јулија Таланцева зборува за тоа како односот со родителите влијае врз изборот на брачниот партнер

Каков однос сме имале со нашата мајка или татко, таков ќе имаме и со сопружниците, тврди психологот Јулија Таланцева. Не можеме целосно да го отстраниме влијанието на нашите родители во животот, но ако постои некаков проблем, можеме да го решиме самите, со тоа што прво ќе го утврдиме и разбереме.

Сите проблеми со спротивниот пол влечат корени од нашето детство.

Влијанието на мајката

Мајката е почетокот на сè, таа а приори не може да биде добра или лоша, таа е само мајка. Дури ако и психолошки несвесно му наштетила на своето дете, тоа е само последица на нејзиното лошо детство или лош однос со нејзините родители. Мајката која често го оставала детето кај роднините, прерано го дала во градинка или претежно се занимала со себеси, кариерата или хобито, може да му влијае на детето така што тоа ќе почне да го гледа светот како црно-бел. Кога ќе порасне, тоа дете може да оди во екстреми и стереотипи во однос на спротивниот пол: прво ќе сака до лудило, а потоа жестоко ќе мрази. Па така, невозможно е да се изгради здрав однос. Во семејствата каде што детето било судија во кавгите помеѓу родителите, подоцна ќе чувствува непочитување кон себе, па неговиот живот ќе биде помалку важен од оној на другите.

Децата на самохраните мајки, кои виделе и знаат колку е тешко, не можат да го градат своето семејство поради чувството на вина пред родителот. Девојките често имаат несоодветен однос со мажите, а младите мажи се чувствителни на женското страдање, па одбираат личност која им предизвикува сожалување, па потоа целиот живот страдаат од недостиг на љубов.

Влијанието на таткото

Таткото е основата на семејството, неговите правила и прописи. Синовите, кога ќе пораснат, во некои ситуации се однесуваат како сопствениот татко, усвојувајќи и модел за однос со жените. Во современата психолошка практика постојат три вида негативно влијание на таткото врз изградбата на односот со спротивниот пол од страна на неговото дете:

1. Таткото често го повредува детето – навреди, казни, грубост

Ќерките на таквите татковци одбираат силни мажи, кои понекогаш може да ги навредуваат. Синовите на такви татковци, пак, често се мета на навреди од другите, но и самите се плашат да повредат некого.

2. Таткото не бил присутен за воспитувањето на детето. Малку си играл со него и не покажувал емоции

Ќерките на таквите татковци се заљубуваат во рамнодушни мажи или, пак, во оженети. Синовите на таквите татковци се исто така студени и тешко ѝ кажуваат на жена дека ја сакаат, бидејќи тоа го сметаат за слабост.

3. Таткото бил многу зафатен со работа или имал друго семејство

Ќерките на таквите татковци се подготвени да бидат љубовници, или прифаќаат брачни односи и љубов на далечина. Синовите во најдобар случај одат во спротивност – стануваат добри и верни сопрузи и татковци, а во најлош случај ги доживуваат односите со спротивниот пол само како забава.

На крајот, татините ќерки често се мажат за мамини синови. Во почетокот одлично се согласуваат, за подоцна меѓу нив да се создаде заемно одбивање, а како резултат на тоа доаѓа и до развод.

За да се изградат силни и здрави односи, потребно е да се ослободиме од родителското влијание заедно со искусен психолог, кој ќе ве води низ вашата индивидуална здравствена програма.



912

X