Може да биде тешко да се слушаат перспективите на другите, особено ако се работи за лица што не го доживеале она за кое се работи, или пак се зборува за болка која била игнорирана со генерации. Но, голем дел од болката што денес се случува во градовите е резултат на молбите кои наидуваат на глуви уши, како и искуства на милион граѓани кои наидуваат на неразбирање и непокажување емпатија затоа што се надвор од некоја норма. Пораз е да се слуша и да се покаже емпатија кон перспективата на другиот. Ова е прекумерно објаснување и поедноставување, но кога луѓето слушаат – навистина слушаат и покажуваат емпатија, тогаш нештата може да се подобрат.

А многу важно е да ги научите децата како да слушаат и како да покажат емпатија. Денешните деца сè уште поминуваат низ решавање на некои прашања поврзани со правдата, а начинот на кој децата се воспитани го трасира патот и за тоа во какви личности ќе израснат. Па што може да сторат родителите во оваа насока. Потребна е отворена комуникација на секоја возраст. Еве што треба родителите да знаат.

Новороденче: бидете тука за вашето дете

Семето на емпатијата се сади во најраниот период, кога невролошкиот развој е многу чувствителен на родителското однесување. Всушност, многу од системите се развиваат кај бебињата, па дури и нешто многу едноставно како менување на пелените е активност која ја зајакнува социјализацијата. Лиценцираниот психолог д-р Брит Крилман од САД вели дека за време на менувањето на пелените се случуваат многу социјални интеракции, на пример, контакт со очите, нежен говор и ослободување од незадоволството. Додава дека овие социјални интеракции се случуваат во контекст на моментот кога им се излегува во пресрет на потребите, а регулацијата се поддржува, па мозокот невролошки почнува да се развива и да биде силно поврзан за добро регулирани социјални интеракции – основата на градењето темели на емпатијата.

Рано детство: Водење по пример, фокус на емпатијата

Децата во раното детство имаат тенденција кон егоцентрична морална позиција, па го разбираат светот само од сопствената перспектива и ги формираат своите морални позиции врз она што нивното семејство го наградува како добро однесување. Ова не е индикација за лошо дете – тоа е едноставно начинот на кој децата тогаш го сфаќаат светот. Но, раното детство е и одлична можност за родителите да покажат со свој пример емпатично однесување.
„Најдобар пример да одгледате емпатично дете е да го направите тоа преку ваш личен пример“, вели д-р Леа Лис, детски психијатар и автор. Изразувањето на емоциите, зборувањето за тажните чувства, дискутирањето за грешките, внимателното слушање на вашите деца и другите ќе му помогнат на детето да учи од вас. Поставувањето пример е клучно. Децата често сфаќаат дека ќе западнат во неволја, но не сфаќаат навистина зошто треба добро да се однесуваат. Па затоа родителите треба да бидат пример и да објаснат зошто е важно да се постапи правилно, дури и ако некогаш тоа значи да западнеме во неволја.

Одредени алатки може да им помогнат на децата подобро да ги разберат емпатијата и светот воопшто. Читањето фикција и дискутирањето за чувствата на ликовите може да е добра алатка. Со зборувањето за чувствата се збогатува и емоционалниот вокабулар. Д-р Лис препорачува социјални приказни кои нудат перспективи, во кои се зборува за чувства на повеќе ликови. Со тоа децата подобро ги разбираат социјалните норми, рутините, очекувањата и слично.

Основци: Однесување според пример, валидизирање на чувствата

Како што децата растат и почнуваат да одат на училиште, социјалниот круг кој влијае врз нивните идеи за морал може да се прошири. И додека тоа може да создаде проблеми, родителите сепак имаат најголемо влијание. Мајките и татковците треба да поставуваат прашања и да ги слушаат внимателно своите деца. Треба да им дозволат на децата да ги искажат своите чувства, дури иако тие се непријатни. Прифаќањето на тие чувства е многу важно. „Кога детето е исплашено, на пример, од поголема помош е да се каже – Гледам дека си исплашен, раскажи ми – отколку да коментирате – Не грижи се, нема од што да се плашиш“, вели Крилман. „Кога родителот ги валидизира и именува чувствата, тоа му помага на детето да се чувствува разбрано. Кога го чувствува тоа од родителите, му помага и во интеракцијата со другите личности во животот, што е фундаментална компонента на емпатијата“.

Адолесценција: вклучување на децата

Адолесценцијата е период кога децата често почнуваат да адресираат покомплицирани морални идеи, на пример, концептот на „бела лага“. Откако ќе можат да ја земат предвид перспективата на другиот, лажењето за да ги скријат нивните чувства станува легитимно морално прашање.

Ова не е време за затскривање на децата. Време е тие да читаат повеќе, да се вклучуваат, да учат од искуство. Ова може да вклучува волонтирање во некоја организација, акција и активности за непривилегирани луѓе, собирање пари за одредена цел, или држење часови по одредена тематика за деца што не можат да си ги дозволат.

„Ова се одлични начини за да се развие емпатија, како и да се добие различна нова перспектива“, објаснува Крилман. „Тие гледаат како другите живеат, што значи да се има хендикеп или недостаток“. Ова е вистинскиот начин да ги користат вештините на кои веќе сте ги учеле.

Во одреден момент децата мора да се справат самите со своите проблеми, да искусат нови перспективи и да одлучат како ќе реагираат. Секогаш има опасност од правење на погрешниот избор. Но, преку демонстрирање на добро слушање, валидизирање на емоциите и нудење нови искуства, родителите може да им ги дадат на децата најдобрите алатки за тие да ги донесат правилните одлуки.

Автор: Метју Јутли

Извор



912

X