Игротека

Емотивен цртан филм : Кога таткото се обидува да ѝ направи фризура на ќерката

Овој 6-минутен анимиран филм ќе ви ги растопи срцата.

Преслатката приказна „Љубов кон косата“ (Hair Love) за афроамерикански татко кој се обидува да научи да ѝ направи фризура на својата ќерка ја режира Метју Шери. Филмот е базиран на истоимената книга.

Во филмот се запознаваме со преслаткото девојче Зури кое има голема и непослушна кадрава коса. Откако не успеа да ја скроти својата коса и да направи фризура, татко ѝ дојде на помош. На неутешното девојче и на таткото најголема помош им беше видеото од мајката со упатствата според кои Зури доби прекрасна фризура.
Прекрасниот филм, полн со смеа, забава, но и љубов и силни емоции, пренесува една преслатка семејна приказна.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top