Комплетната листа со средните оценки на основните училишта од скопските општини на крајот од учебната 2017/2018 година покажува драстични разлики во оценките на учениците

Учениците од основните училишта во Скопје или ептен се фатиле за книга или, пак, наставниците биле попустливи во оценувањето. Ова може да се заклучи ако се спореди листата со средните оценки на крајот од минатата и предминатата учебна година. Речиси и да нема училиште или општина во Скопје што драстично не ја поправила средната оценка на крајот на годината.

Најмногу петки добиваат учениците од Општина Центар. Во седумте општински училишта средната оценка лани била 4,87. Две училишта имаат просек со 4,93 – „Димитар Миладинов“ и „Кочо Рацин“. Со просек 4,92 е „Гоце Делчев“, но и останатите имаат висока средна оценка. Во предминатата година средната оценка на ниво на општина беше 4,57, а „Кочо Рацин“ водеше со просек од 4,75 на ниво на сите општини.

Општина Карпош е втора на листата со највисок просек. На крајот од учебната 2017/18 година сите ученици оствариле просек од 4,73. Предминатата година бил 4,32. Со средна оценка од 4,88 е „Јан Амос Коменски“.

Во Општина Аеродром средната оценка е 4,69, а предминатата учебна година била 4,31. Со највисок просек 4,86, минатата година било Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, но сите 8 училишта имаат висок просек од над 4.

Учениците и од другите општини во Скопје го зголемиле својот просек за разлика од предминатата година.
Бутел има средна оценка од 4,35. Сите училишта имаат просек над 4, а предминатата година сите имале под оваа оценка, односно нема ниту едно училиште со просек над 4.
Општина Гази Баба има просек од 4,29, а во учебната 2016/17 имала 3,86.
Седумте основни училишта од Општина Ѓорче Петров лани имале просек од 4,41, а во Кисела Вода 4,54. И кај Општина Чаир има големо подобрување во однос на оценките. Лани учениците оствариле среден просек од 4,03, а преклани 3,65.

Сарај има просек од 3,87, а предминатата година имал 3,56. Просекот во Општина Шуто Оризари е 3,56, што е исто така повисок за разлика од 2016/17 кога бил 2,99.

Ова е комплетната листа со средните оценки на основните училишта во скопските општини на крајот од учебната 2017/18 година:



912

X